Уживањето во сладолед никогаш не било повкусно од кога ќе се спојат сочните банани и освежителните капини. Ова е вистинско уживање за сите љубители на летните задоволства. Еве како едноставните состојки може да се претворат во вкусен и здрав десерт…
Потребно е (за 2 лица):
6 банани (претходно сецкани и замрзнати)
2 лажици капини
Подготовка:
Ставете ги бананите и капините во блендер и измелете ги. Кога смесата ќе стане еднолична и кремаста, префрлете ја во сад за сладолед. Консумирајте веднаш по замрзнувањето.
Секој дел од капината (корен, лист, цвет и плод) е лековит и зазема многу важно место во исхраната и спречувањето на бројни болести: анемија, срцеви заболувања, тумори, а се користи и за зајакнување на имунитетот.
Капините се богати со органско железо, антиоксиданси (витамин Ц и бета-каротен), како и со фенолни соединенија кои во голема мера го спречуваат развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни болести, како што е миокарден инфаркт.
Поради високата содржина на калиум и низок натриум, капините се добри за регулирање на хипертензијата, а поради ниската содржина на јаглехидрати се корисни за луѓето со дијабетес.