Пржената храна не мора секогаш да биде нездрава, а се зависи од тоа кое масло ќе го изберете. Маслиновото масло се смета за едно од најздравите масла за пржење, но само ако го користите правилно. Постојат и други одлични опции – вклучувајќи масло од соја и масло од кикирики.
Одредете ја вистинската температура за пржење
Можеби сте слушнале дека маслиновото масло не е добро за пржење, но се е до тоа како го користите. Реалноста е дека многу луѓе неправилно го користат маслото за пржење, дозволувајќи му да се загрее премногу. Загревањето на маслото за пржење над неговата точка за чадење предизвикува маслото да реагира со кислород.
Ако немате термометар за длабоко пржење (и термометарот за месо може да користи) кој ќе ви помогне да ја следите температурата, постојат начини да откриете дали маслото е спремно. Најдобрата опција е да го допрете крајот на дрвена лажица или стапче во маслото. Ако околу него се формираат меурчиња, треба да биде идеално за пржење.