НАЈНОВИТЕ ФОТОГРАФИИ НА МАДОНА ЈА ЗАГРИЖИ СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ! Пејачката не личи на себе (ФОТО)

popara23 август, 20241min00
Screenshot_4

Сакала или не, за Мадона постојано се зборува, а пејачката со децении се наоѓа на листата на најследени познати личности благодарение на статусот на мегаѕвезда. Мадона деновиве е во Италија со своето 38 години помладо момче, а според последните фотографии би се рекло дека е прилично исцрпена, а на што сите обрнале внимание е нејзиното лице.

 

 

 

 

Мадона е на одмор во Италија со фудбалерот Ахим Морис, нејзиниот 38 години помлад дечко. Парот се шетал по калдрмените улици на Терачина, а пејачката изгледала слабо и исцрпено.

 

Сепак, без разлика на тоа, таа се трудела да биде совршено облечена во нејзин стил, а очигледно го прифатила трендот што го обожава Бијонсе и носела марама на главата, како постарите жени од Балканот, и го усогласила со раскошниот фустан од тантела на Долче и Габана.

Snapinsta.app_456208736_825342266398618_4589219970781837922_n_1080
Snapinsta.app_456223837_490809547068093_1226884951413412283_n_1080
Snapinsta.app_456472614_1033612768500055_9179283495995175587_n_1080

Сепак, до израз доаѓа нејзиното лице за кое во последно време многу се зборува, бидејќи евидентно е дека има направено неколку естетски зафати, а да потсетиме дека и познатиот пластичен хирург Гери Линк потврди дека Мадона го корегирала лицето со различни естетски зафати со децении и негова проценка е дека од 1982 година до денес има направено три подигања на лицето, три пати ги подигнала веѓите, двапати инјектирала филери и не го исклучува фактот дека имала импланти на вилицата и го отстранила вишокот на масти.

 

И без разлика на сите тие процедури, овој пат Мадона изгледала многу постаро и видно изнемоштено и уморно, што ги загрижи нејзините обожаватели.

 

Инаку, пејачката минатата година се пожали дека живее во свет кој одбива да ги слави жените и ги осудува кога ќе наполнат 45 години и чувствува потреба да ги казни доколку продолжат да бидат со силна волја, вредни и авантуристи.

 

Во таа прилика таа изјави дека никој нема да и го скрши духот и дека ќе продолжи да ужива и да го прави тоа што сака, без разлика дали тоа е поврзано со нејзиниот физички изглед или изборот на партнер.

 

Во склад со тоа е и нејзината врска со младиот Акима, кој првпат го запознала во 2022 година, а врската ја потврдила и преку Инстаграм, кога на 4 јули сподели бурни фотографии од неа и фудбалерот во провокативни пози, вклучувајќи ја и онаа на неговата рака на нејзиното деколте додека лежат на кревет.

 

– Среќен 4-ти Јули! На денешен ден пред една година, само што се вратив дома од болница откако преживеав опасна по живот болест, едвај стоев во на нозе, но чудесно закрепнав и имав неверојатна година. Фала ти Боже. Животот е убав, напиша Мадона во објавата.

 

Да потсетиме, познатата пејачка долго време беше во критична состојба, но сепак успеа да се избори, а големата победа ја прослави со огромен концерт во Рио пред милион и 600 илјади луѓе.

 

Сепак, многумина ќе речат дека годините го прават своето, бидејќи таа има 66 години, а нејзиниот начин на живот е како оној на просечен дваесетгодишник. Но, тоа никогаш не ја спречило, дури и ја мотивирало, па дури еднаш изјавила дека светот е загрозен од нејзината моќ и издржливост.

 

– Ним им се заканува мојата интелигенција и мојата волја да преживеам. Но, тие никогаш нема да ме скршат. Сето ова е тест, гласи изјавата на Мадона, пренесе Дејли Мејл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma