На социјалните мрежи веќе некое време кружи сметка и бакшишот што во 2015 година ги оставил еден од најпопуларните поп пејачи во светот, Хари Стајлс.
Видео кое се појави на TikTok покажува колку пари потрошил Стајлс во ресторанот, а многумина биле изненадени од бакшишот, кој според повеќето бил мал.
Сопственикот на ресторанот, велат, се сликал со Хари, што се смета за потврда дека сметката е негова.
Сметката изнесувала вкупно 72,50 долари (4,099 денари), а Стајлс остави бакшиш од пет долари (282 денари).
@californiasunlouis The math aint mathing #harrystyles #foryoupage #foryou #fyp #harrystylesvids #harrystylesedit #loveontour #hslot #harryshouse #harrystylestiktok #harrystylesvideos
„Тој не е добар во математика“, се вели во описот на објавата.
Некои го критикуваа за ова, а други го бранеа, а вие проценете дали бакшишот е мал, голем или доволен.