Потребно е:
За кората:
една тиквичка
85 гр шеќер
55 гр путер
30 мл масло
половина лажичка сода бикарбона
¼ лажичка прашок за пециво
50 мл јогурт
40 гр какао
150 гр брашно
едно јајце
50 гр чоколада со висока содржина на какао
За глазурата:
120 гр чоколада со висока содржина на какао
80 мл крем за готвење
Подготовка:
Во сад измешајте путер на собна температура, масло, шеќер и екстракт од ванила. Додадете сода бикарбона и прашок за пециво. Убаво се мати со миксер, па се додава јајцето и се мати. Постепено додавајте јогурт. Потоа измешајте ги просеаното брашно и какаото. Тиквичката измијте ја и ситно изрендајте ја. Додадете во смесата. Чоколадото растопете го на пареа и додајте го во смесата. Префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Се пече половина час, во рерна загреана на 180 степени. Чоколадото растопете го со топлата павлака и убаво измешајте. Оставете малку да се излади, па покријте го колачот со глазурата. Добар апетит!