Една од најубавите актерки на денешницата често ги радува своите фанови со предизвикувачки фотографии.
Актерката Сидни Свини остави малку на имагинацијата со нова објава на социјалните мрежи. Ѕвездата на „Еуфорија“ и покрај студот позираше на балконот без маица и ги покажа своите атрибути.
Таа носеше кафеав кардиган под кој не носеше ништо, а комбинацијата ја комплетираше со темно сини фармерки и бели патики.
„Дожду, дожду, оди си“, накратко напиша таа.
Свини сподели фотографија на која ја покажа својата витка линија потпирајќи се на стаклената ограда на балконот. Таа сподели и видео во кое ја покажа својата луксузна чанта и ја стави пред градите.
ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Нејзината објава предизвика лавина позитивни коментари: „Драг Дедо Мраз: ова“, „Колку си убава“, „Најубавата жена на светот“…
Таа ја покажа својата завидна фигура веднаш откако им одговори на хејтерите кои го критикуваа нејзиното тело. Таа потоа сподели принтскрин од пораки на социјалните мрежи, во кои ја нарекуваат „непривлечна“ и ѝ кажуваат дека „треба да изгуби неколку килограми“.
Актерката и претходно беше мета на критики за својот изглед. Оваа година таа се пресмета и со продуцентката Керол Баум, која јавно ја прозва и рече дека новиот филм на Сидни „Anyone But You“ не е гледлив. Керол, која работи и како професорка во продукција, ги прашала своите ученици за популарноста на младата актерка.
„Им реков: Објаснете ми ја оваа девојка. Не е згодна, не знае како да се однесува. Зошто е толку барана?“, признала таа претходно. Негативните коментари подоцна ги коментираше Сидни.
„Многу е обесхрабрувачки да се гледаат жени како уриваат други жени, особено кога жените кои се успешни во својата индустрија гледаат помлади таленти кои работат напорно и се надеваат дека можеби ќе ги остварат своите соништа и потоа ќе ја дискредитираат нивната работа. Целата оваа индустрија, сите велат дека жените ги поддржуваат другите. Ништо од тоа не се случува“, изјави Сидни.