Ријана постави нови модни стандарди кога се во прашање модата и бременоста и на тој начин ја отвори вратата на слободата во која жените во други околности претходно не уживаа.
Таа ја отфрли широката гардероба, фустаните без крој и рамни чевли и реши да се облече како што навистина сака. А светот, зачудувачки, го прифати со цело срце.
После неа тоа го направи Хејли Бибер, а сега и Маргот Роби.
Бремената австралиска актерка Марго Роби (34) ужива на одмор на Сардинија со својот сопруг Том Акерли, а најновите папарацо фотографии покажуваат дека парот е се поблиску до станување родители.
Ѕвездата на „Барби“ Маргот Роби и нејзиниот долгогодишен сопруг Том Акерли беа фотографирани како одмараат на островот Сардинија, а идната мајка го покажува својот растечки труднички стомак во откриена бела кошула. Кошулата ја искомбинирала со црни лелеави панталони, а летното издание го заокружила со црна чанта, додека од сонцето се криела со капа.
Не сме ја виделе многу откако ја објави бременоста, но оваа појава е доволна за да сфатиме дека и од неа не очекуваме поинаков стил.
Ријана не потсети на важноста на ова за време на нејзината прва бременост.
– Кога дознав дека сум бремена, си помислив: „Нема шанси да купам облека во породилно“. Извини, премногу се забавувам со облекувањето. Нема да дозволам тој дел од мене да исчезне само затоа што телото ми се менува – рекла Ријана.