Најубавите креации на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција: Доминираше Шанел, а од Кејт Бланшет не можеме да го тргнеме погледот

popara30 август, 20241min00
m_35061511_1280

Холивудските ѕвезди во полн сјај се вратија од своите одмори на свеченото отворање на 81. издание на Филмскиот фестивал во Венеција, каде сè беше преполно со познати фаци и не недостигаше гламур. Актерките Џена Ортега, Винона Рајдер, Кејт Бланшет беа во центарот на вниманието носејќи креации, кои навестија дека фестивалот во Венеција и оваа година ќе ни донесе многу возбудливи модни моменти. Младата Џена (21) на фестивалот го претставува својот најнов филм „Beetlejuice“, а се појави во црвен фустан од Диор, изработен од тул, со шлицови на предната страна и отворен грб. Таа позираше со Винона Рајдер (52) која избра црно луксузно здолниште од тул Шанел, кое го искомбинира со кратко палто, елек и бела блуза.

image

image

Креација на Channel ја избра и канадската актерка Тејлор Расел (30). Таа носеше бел винтиџ фустан од нивната колекција за пролет/лето 1993 година за отворањето.

image

Кејт Бланшет (55) беше една од првите кои пристигнаа на црвениот тепих во златен металик фустан Armani Privé. Без прерамки, тој одлично ја следеше фигурата на актерката како песочен часовник и изгледаше како да зрачи со примеси на стариот Холивуд.

image

Италијанската актерка Моника Белучи (59) на црвениот тепих се појави во придружба на нејзиниот партнер и режисер Тим Бартон (66), облечена во црн фустан на Вивиен Вествуд од црн сатен и тафт, кој, според модните експерти, одлично се вклопува во светот на фантазијата на Тим, а во исто време ја почитува нејзината личност.

image

Ѕвездата на филмовите „Сам дома 1 и 2“, легендарната Кетрин О’Хара (70) носеше кожен фустан од Оскар де ла Рента, со малку необичен и екстравагантен дизајн, но како создаден за премиерата на „Beetlejuice“. Изгледот го комплетираше со накит од Картие кој додаде шмек на класична елеганција и одлично ја избалансира авангардната природа на фустанот.

image

Актерката Сигурни Вивер (74) е добитник на Златниот лав за животно дело, а за оваа специјална пригода избра Шанел комбинација од црно здолниште и блескава јакна, од колекцијата висока мода за есен/зима 2019 година. Беше софистицирана облека, комбинација на модерен и класичен стил, односно стар холивудски гламур и современа грациозност.

image

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag