Сочни, мирисни и многу заситувачки, овие солени мафини се нешто што секој треба да го проба.
Кога немате многу време да подготвите домашни пецива, нема подобра идеја од мафини! Изматете ги за пет до десет минути, па се печат 20-30, за да уживате во неодоливи залаци за половина час.
Покрај ултра популарните слатки мафини, разновидните солени мафини се секогаш одлично решение, а има многу рецепти за солени мафини направени од сечкани кори за пита, потоа за мафини за пица, палео, без глутен и многу други.
Денеска ви претставуваме рецепт за брзо домашно пециво со црвена пиперка и тиквички, на кое постојано ќе се навраќате поради неговата едноставна и брза подготовка и феноменалниот вкус.
Најубавите солени мафини:
Состојки:
250 гр брашно
1,5 лажичка прашок за пециво
1 црвена пиперка
3 цели јајца
350-450 гр тиквички
100 ситно солено сирење
100 гр кашкавал
неколку лажици вода
1 прстофат сол (ако сирењето не е премногу солено, една кафена лажичка е во ред)
Подготовка
1.Излупете ги тиквичките, добро измијте ги, изрендајте ги, посолете ги по вкус, па оставете ги да отстојат десетина минути во сад покриен со хартиена крпа за да се ослободи вишокот течност.
2.Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте го брашното, прашок за пециво и неколку лажици ладна вода, за да добиете тенко тесто за мафини.
3.Потоа додадете рендано сирење, ситно сирење (или распарчена фета) и ситно сечкан црвен пипер и измешајте.
4,Потоа исцедете ги тиквичките со прсти да се исцедат, па додајте ги во смесата, измешајте (посолете по вкус, според тоа колку е солено сирењето).
5.Истурете во калапи за мафини обложени со хартија за печење.
6.По желба, можете да посипете со билки или млад кромид.
7,Се пече околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени.