На диета сте и сакате цреши? Ова е идеален напиток за вас

popara20 јуни, 20241min00
a632441df9bbe968ddd86a3d6e9be14595a17c2f

Благодарение на влакната, водата и пектинот со кои се богати, ова овошје е одлично за подолго чувство на ситост, што автоматски значи помалку потрошени калории – и губење на досадниот вишок.

Освен тоа, црешите поволно делуваат и на намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта! Новото истражување ни носи откритие дека црешите се одлична состојка во борбата против воспалението на мускулите и, воопшто, разните воспаленија во телото, како артритис и слични болести.

Сепак, најдобриот начин да ги искористите црешите е да направите напиток кој според многумина согорува килограми и масти кога се консумира со урамнотежена исхрана.

Состојки:

100 гр цреши
1 банана
1 грст спанаќ
½ сок од лимон
300 мл козјо млеко или јогурт

Подготовка:

Сите состојки измешајте ги во блендер и убаво измешајте додека се се соедини. Пијте го за појадок или како ужина и гледајте како вишокот килограми се топат!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag