На Канје Вест и Бјанка Ценсора им се заканува тужба, но не поради нивното бизарно облекување: Еве зошто контроверзниот пар ќе мора да оди на суд

popara1 јули, 20241min00
Screenshot_4

Канје Вест и Бјанка Ценсори веќе подолго време ја шокираат јавноста со своите бизарни модни комбинации и однесување во јавноста, а сега парот е мета на тужба поради нивното однесување кон вработените.

 

 

 

 

Имено, „последната капка ја прелила чашата“ кај вработените кои работеле на новата апликација на раперот, која се занимава со филмови за возрасни, пренесува „Пејџ сикс“.

 

Според судските документи, Бјанка била обвинета дека испраќала видеа со несоодветна и експлицитна содржина на вработените, а истите видеа наводно биле достапни и на малолетници кои работеле на апликацијата на раперот.

 

Но, Бјанка не е единствената именувана во тужбата. Канје и неговиот соработник Мило Јанопулос наводно не им плаќале на вработените за сите часови што ги работеле, а во тужбата стои и дека се однесувале „сурово, нечовечко и понижувачки“ со нив и дека ги подложиле на расистички навреди и ги нарекувале „робови“.

 

Според документите, раперот и неговиот соработник ангажирале група програмери, меѓу кои имало и 14-годишни тинејџери. Работниците тврдат дека им било ветено дека ќе им платат 120.000 долари кога ќе заврши апликацијата. Тие потпишале договор за необјавување, а малолетниците морале да потпишуваат „доброволни“ договори. Покрај гореспоменатата апликација, тие создадоа и апликација за стриминг „YZYVSN“ како конкурент на Спотифај и Епл мјузикc.

 

Покрај неисплатените плати и прекувремената работа, вработените бараат и отштета за претрпената душевна болка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma