На кој прст сакате да ги носите прстените? Еве какви скриени желби имате и какви пораки праќате

popara29 февруари, 20241min00
78817_zena-prstenje-shutterstock-1698469789_f

Кај нашиот народ постои верување дека прстените го откриваат карактерот на човекот, но и испраќаат одредени пораки во зависност од тоа на кој прст се носи. Ако носите неколку прстени, на различни прсти, вие сте комбинација од сите овие квалитети.

На палецот

Палецот е поврзан со богатството. Се верува дека со носење прстен на палецот, човекот испраќа порака дека е силен и склон да стекнува пари.

На показалецот

Луѓето кои носат прстен на овој прст се традиционални. Бидејќи показалецот е најзабележлив од сите прсти, луѓето кои носат прстен на него сакаат да бидат забележани.

На средниот прст

Носењето прстен на овој прст покажува дека се чувствувате добро во сопствената кожа и дека сте задоволни од својот живот. На овој прст најчесто се носат големи прстени, што симболизира дека личноста има тенденција да ги следи трендовите.

žena

На домалиот прст

На овој прст се носат венчални и веренички прстени. Симболизира убавина, среќа и љубов. Луѓето кои носат прстени на овој прст, а не се свршени или во брак, испраќаат порака дека се среќни и сакаат да уживаат во животот.

На малиот прст

Со носење прстен на малиот прст покажувате дека сте верни на себе и на своите принципи. Жените испраќаат порака дека се независни и дека не им треба маж за да бидат среќни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma