На кутијата од куклите за филмот „Wicked“, Мател погрешно испечатиле адреса на веб-страна за возрасни

popara12 ноември, 20244min00
1731325339-wicked-film-1024x583

Производителот на играчки Mattel се извини откако по грешка ја испечати адресата на веб-страницата на порнографска страница на пакувањето на новововедените кукли „Wicked“.

Наместо читателите да се упатат на официјалната веб-страница за филмската адаптација на мјузиклот, информациите на кутијата на куклата водат до страница на која се бара корисниците да имаат 18 или повеќе години за да влезат, тврдат корисниците на X, пренесува CNN.

„Mattel е известен за погрешна штампа на пакувањето на куклите за колекцијата „Wicked“, првенствено продадени во САД, кои беа наменети да ги насочат потрошувачите на официјалната страница WickedMovie.com“, се вели во соопштението на компанијата за CNN во неделата.

Тие додаваат:

„Длабоко жалиме за оваа несреќна грешка и преземаме итни мерки за да ја исправиме.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MATTEL (@mattel)

На луѓето кои веќе ги купиле куклите им се советува да го фрлат пакувањето или да ја пречкртаат адресата на веб-страницата, додава Мател.

Долгоочекуваниот филм во два дела „Wicked“, во кој главните улоги ги толкуваат пејачката Аријана Гранде и актерката Синтија Ериво, е адаптација на познатиот мјузикл на Бродвеј.

Приказната е продолжение на „Волшебникот од Оз“ и раскажува алтернативна верзија на настаните пред доаѓањето на Дороти Гејл.

Првиот дел од филмот „Wicked“ во кината пристигнува на 22 ноември. Вториот филм се очекува во ноември 2025 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag