На Мајк Тајсон му била пружена итна медицинска помош за време на авионски лет

popara29 мај, 20241min00
image_2024-05-29_225927549

Мајк Тајсон (51) за време на авионски лет имал здравствени проблеми, а на помош му пришле и лекарите.

Како што дознава EW, американскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија неодамна имал многу непријатно искуство на летот од Мајами до Лос Анџелес. Имено, познатиот спортист Мајк Тајсон при летот добил итна медицинска помош, но сега добро закрепнува.

За време на неделниот лет од Мајами, Тајсон добил чир, предизвикувајќи силна мачнина и вртоглавица.

„За среќа, господинот Тајсон одлично се снаоѓа. Му се мачело и му се вртело поради чир кој се појавил 30 минути пред слетувањето. Тој е благодарен на медицинскиот персонал кој бил таму да му помогне“, изјавија претставниците на Тајсон.

Во јавноста се појавија обвинувања дека здравствениот инцидент на Тајсон го одложил процесот на слетување, но и дека тоа е причина за двочасовното доцнење на полетувањето на авионот. Сепак, неговите претставници ги демантираа гласините со објаснување дека доцнењето е поради проблем со клима уредот во авионот.

Иако неговата последна одобрена борба беше во јуни 2005 година, Тајсон ќе се врати во рингот на 20 јули за прв пат по речиси 20 години за да се бори со Џејк Пол, пишува tportal.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag