На 29 јуни пристигнува ретрограден Сатурн, а со него и кармичките лекции: Еве како ќе влијае врз сите знаци

popara21 јуни, 20241min00
Screenshot_3

Дознајте што нè очекува

 

 

Ретроградниот Сатурн ќе трае од 29. јуни до 15. ноември и ќе ги врати недовршените работи од минатото

 

На 29. јуни Сатурн преминува во ретроградна фаза во знакот Риби, што ги симболизира нашите длабоки и потсвесни емоции. Во астрологијата, ова соѕвездие е одговорно за фантазиите, за несвесното и за врската со Бог, а кога Сатурн минува низ него, нè принудува да го приспособиме фокусот и потрезвено да го согледаме сето она што нè допира. Целта на ретроградното движење на секоја планета е, пред сè, да ги повториме лекциите и ситуациите на кои не сме им обрнале внимание.

 

Овој пат транзитот на Сатурн ќе се одвива од 29. јуни до 15. ноември. Тоа значи дека од 19. март до 8. јуни сме ги преживувале оние емоции што можеби нè измачувале – сетете се што особено ве допрело пролетва. Веројатно пребрзо сте ги „проживеале“ тие ситуации и не сте размислиле за своите чувства онолку длабоко колку што Сатурн го изискува тоа.

 

Оваа планета владее со јасност и рамнотежа, па нејзината ретроградна фаза може да ни помогне да откриеме некои емоционални прашања поврзани со духовниот развој.

 

На пример, ако не сте задоволни од врската во којашто сте, ќе морате да се соочите со потребата за длабоки разговори со вашиот партнер. Ако сте во љубовен триаголник, степенот на вашите грижи може уште повеќе да се влоши поради свеста за вашата осаменост.

 

Што можете да направите во врска со ова? Прифатете ја неповратноста на промените што морате да ги покренете. Сатурн во Риби претставува помрднување од мртва точка, па во текот на ретроградниот период ќе им помогне на многу луѓе да донесат одлука за развод или прекин на врската.

 

Рибите се знак на духовноста, а Сатурн е планета на кармичките лекции. Неговата ретроградна фаза ќе ве поттикне на духовно освестување, кога вашата вера и скриени фантазии ќе излезат на површината. Во Тарот, Сатурн во Риби и Осмица пехари.

 

Еве го цитатот од оваа карта:

 

„Си заминувам оттука, бидејќи ова место или оваа врска не ме исполнуваат веќе. Верувам дека ќе пронајдам нешто што ќе ме направи емотивно среќен. Им верувам на моите чувства, тие ме водат напред.“

 

Ретрограден Сатурн во Риби и помрачување на 18. септември

Ако во текот на летниот период ретрограден Сатурн ќе нè врати на семејните контакти и повеќе ќе се фокусираме на семејни прашања и недвижнини, тогаш наесен нè очекува вистинска емотивна бура.

 

Првпат по 9 години, на 18. септември ќе се случи помрачување во Риби, во кое ќе учествува и Сатурн.

 

Кога ретроградна планета учествува во помрачување, комплетно го води човекот во минатото и му помага да го види она што не сакал да го забележи. Некои лични емоционални непријатности, болки, страдања и чувства на осаменост ќе излезат на површина, но тоа ќе претставува моќна терапија.

 

Сатурн ќе може во животот на секој човек да донесе значаен пријател, психолог, учител или далечен роднина, со кои дијалозите ќе станат храна за душата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag