Невиден скандал на снимањето: Францис Форд Копола обвинет за непримерно однесување кон жени, објавени нови видеа

popara28 јули, 20241min00
95638_profimedia-0880433784_f

Американскиот режисер Френсис Форд Копола неодамна беше обвинет за непримерно однесување кон жените, а сега беа објавени видеа како тој се бакнува со некои од нив за време на снимањето на филмот „Мегалополис“.

Очевидци изјавија за Гардијан дека бакнал некои статисти кои биле топлес или во малку облека за време на снимањето на сцената за споменатиот филм. Некои од нив наводно ги натерал да му седнат во скут.

Variety објави две видеа на кои се гледа како Копола ги бакнува. Можете да ги погледнете подолу. Снимањето се случи во февруари 2023 година во концертната сала Табернакул во Атланта. На сетот имало меѓу 150 и 200 луѓе.

Изворот тврди дека постојано ги бакнувал, ги гушкал и упаѓал во кадарот, а со тоа го одложувал снимањето. Неговото однесување беше опишано како необично. Во еден момент Копола го зеде микрофонот и рече:

„Извинете ако дојдам до вас и ве бакнам. Ве молам знајте дека тоа е само за мое задоволство“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma