Нега на прво место: Каква крема да изберете според типот на вашата кожа?

popara24 јануари, 20241min00
Screenshot_4

Хидратантните кремови се важен дел од рутината за убавина и можат значително да го подобрат изгледот на вашето лице. Но, многу е важно да го одберете вистинскиот крем за да ги постигнете посакуваните резултати.

 

 

 

Кога купувате крем за лице, морате да го земете предвид вашиот тип кожа бидејќи ако, на пример, имате сува кожа и користите кремови наменети за мрсна, можете да ја влошите состојбата на лицето.

 

Па, погледнете како да го одберете висинскиот крем според вашиот тип кожа:

 

Нормална кожа

Луѓето со таканаречена нормална кожа на лицето обично немаат никакви проблеми. Кај нив не се лачат вишок масти и кожата на лицето обично не трпи негативни последици од времето и околината.

 

Кога, пак, станува збор за кремови за лице, за овој тип кожа најдобри се продуктите за хидратација, богати со витамин А и Б5 кои ја омекнуваат кожата. Ако имате нормална кожа, избегнувајте ги мрсните кремови и одбирајте продукти со „полесна“ текстура.

 

Без разлика каква кожа имате, секогаш нанесувајте го кремот нежно, со движења како на фотографијата подолу.

 

Мрсна кожа

Кај луѓето со мрсна кожа се лачат повеќе масти од вообичаено и кожата неретко изгледа сјајно. Слично како луѓето со нормална кожа, најдобро е да ги избегнувате мрсните креми кои ги затнуваат порите.

 

Купувајте кремови со повисок процент вода во нив, на кои пишува дека немаат премногу масла и не ја мрсат кожата.

 

Мрсна кожа склона кон акни

Ако имате проблеми со акни, секогаш е добро да се консултирате со дерматолог.

 

Кожата склона кон акни е почувствителна и обично е мрсна, што значи најдобро е да ги избегнувате мрсните и густи кремови. Исто така, на кожата со акни ѝ годат кремовите со хијалуронска киселина бидејќи ја хидрираат без да ги затнат порите.

 

Уште подобро ако го замените кремот со гел за лице со полесна текстура кој ѝ овозможува на кожата да „дише“.

 

Сува кожа

Кај луѓето со сува кожа се лачат помалку масти од вообичаено, а поради ова може да се појави и лупење.

 

Ако имате сува кожа треба да користите хидратантни кремови, но внимавајте да не содржат алкохол кој може дополнително да ја исуши кожата. Добро би било да ги избегнувате и кремовите со парфем.

 

Исто така можат да ви помогнат масла и серуми за сува кожа кои содржат хијалуронска киселина.

 

Комбинирана кожа

Кај луѓето со комбинирана кожа некои делови од лицето се многу мрсни, а некои суви, па може да биде тешко да ги најдете вистинските продукти за вас.

 

Најпрво, избегнувајте ги густите кремови што ги затнуваат порите, но и кремовите кои содржат алкохол и можат дополнително да ги исушат сувите делови од лицето.

 

Чувствителна кожа

Ако често забележувате црвенило на лицето и неретко имате несакани последици од некои продукти за убавина, најверојатно имате чувствителна кожа.

 

Во овој случај секогаш одбирајте кремови со природни состојки кои ја смируваат кожата, како камилица или алое вера. Исто така, избегнувајте продукти со алкохол и парфем – состојки кои можат да ја иритираат кожата.

 

Неколку совети за нега на лице

  1. Генерално, колку е погуст кремот за лице, толку повеќе ја хидрира кожата.
  2. Кога се туширате, избегнувајте да го миете лицето со жешка вода бидејќи ќе ги отстраните сите масти и ќе ја исушите кожата. Дури и ако имате многу мрсна кожа, ова сушење може да резултира со дополнително лачење масти.
  3. Најдобро е да го миете лицето со студена вода.
  4. Немојте да ја триете кожата на лицето со крпа откако ќе го измиете. Најдобро соберете го вишокот вода со тапкање и оставете лицето само да се исуши. Дури откако целосно ќе се исуши, нанесете го вашиот хидратантен крем.
  5. Ако имате чувствителна кожа, имајте на ум дека некои груби материјали, како волна, можат да ја иритираат кожата, па најдобро избегнувајте ги.

 

Важно: Покрај сите општи совети, пожелно е секогаш да се консултирате со стручно лице кое соодветно ќе ви помогне во изборот на крем кој ќе биде добар за вашата кожа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma