Повеќето парови по извесен период навлегуваат во одредена рутина, па љубовта се губи и останува само навиката.
Ова се 10-те сигурни знаци дека и вие сте еден од тие парови:
- Постојано се споредувате со пријателите и нивните партнери и заклучокот е секогаш ист – тие се посреќни.
- Веќе не ви се расправа затоа што сте кренале раце од се.
- Ретко изговарате „те сакам,“ а и кога тоа ќе се случи повеќе е од навика отколку од емоции.
- Не се сеќавате кога последен пат имавте жежок секс.
- Насмевка на лицето ви изнудува само минатото и колку бевте среќни некогаш.
- Размислувате колку финансиски би ве чинело раскинувањето.
- Веќе ништо не правите заедно.
- По работа не ви се брза да стигнете дома и да се слушнете или да си раскажете како сте поминале. Попрво би останале некаде надвор.
- Се почесто излегувате со пријателите, а се помалку со него/неа.
- Размислувате за неверство.