Неколку интересни факти за есента кои не сте ги знаеле

popara20 септември, 20241min00
Screenshot_6

Мирисот на печени костени, варена тиква, топол ајвар и крцкавите лисја под нашите нозе ја најавуваат кралицата на годишните времиња, есента.

 

 

 

Со сиот преостанат сончев сјај, доаѓањето на раскошната есен оваа година ја потврдува не само календарскиот 22-ри септември, туку и многу останати составни делови на мозаикот наречен третото годишно време.

 

Ова е одличен период за регенерирање на мислите и душата. Слично како и природата, ослободете се од целиот непотребен товар на минатото време и зачекорете во новата годишна доба.

 

Одберете ја вашата омилена патека за прошетка, освежете се со топло кафе или чај и вдишете длабоко.

 

Доживејте ја есента со сите свои бои и ароми, преточена низ пејзажи како од разгледници, вкусни зимници и слатки задоволства.

 

Ова се 7 интересни факти кои ја карактеризираат есента, а за дополнителна мотивација погледнете го видеото и трансформацијата на природата во есен:

 

  1. Почетокот на есента варира помеѓу два датуми

Два календарски датуми се во игра кога станува збор за почетокот на есента. Таа е дефинирана според кружењето на земјината орбита околу сонцето и започнува на есенската рамноденица (време во годината кога траењето на денот и ноќта е еднакво), на 22-ри или 23-ти септември.

 

  1. Дрвјата се подготвуваат за зима

Пократките денови се знак за дрвјата да започнат да се подготвуваат за зима.

 

За време на зимскиот период нема доволно сончева светлина за одвивање на процесот фотосинтеза, па како што се скратува денот во есен, дрвјата започнуваат да го затвораат системот на производство на храна и да го намалуваат количеството на хлорофил во лисјата.

 

  1. Хемијата на есенските бои

Хлорофилот е супстанцата која ги прави лисјата на дрвјата зелени и како што се намалува, останатите супстанци стануваат поизразени во лисјата.

 

Тие се главните виновници за живописните жолти, црвени и килибарни бои на есента.

 

Пигментите одговорни за овој процес се видови на флавоноиди, каротеноиди и антоцијаниди.

 

  1. Луѓето родени во есен живеат подолго

Истражување во „Journal of Aging Research“ потврдило дека бебињата родени во есенските месеци имаат поголеми шанси да ја доживеат 100-тата година, отколку оние кои се родени во останатите месеци од годината.

 

  1. Деновите стануваат пократки

Зборот еквинокс (рамноденица) потекнува од латинскиот збор equi (што значи еднаков) и nox (што значи ноќ), означувајќи дека денот и ноќта траат поеднакво.

 

Ноќите се подолги за разлика од деновите веднаш по есенската рамноденица, сè до обратната смена (подолги денови, пократки ноќи) со почетокот на пролетната рамноденица.

 

  1. Зошто е важен датумот 24-ти септември 2303 година?

Општо земено, есенската рамноденица секогаш се паѓа на 22-ри или 23-ти септември.

 

Бидејќи Грегоријанскиот календар не е во совршена симетрија со земјината орбита, есенската рамноденица многу ретко се паѓа на 24-ти септември.

 

Последен пат ова се случило во 1931 година и ќе се случи уште еднаш во 2303 година.

 

  1. Враќањето на Персефона

Според грчката митологија, есента започнала кога Персефона била грабната од Хад (бог на подземниот свет) за да биде кралица на подземјето. Во паника, мајката на Персефона, Деметра (божица на земјоделието и на новиот живот) ги уништила сите житни посеви на земјата, додека на нејзината ќерка не ѝ се овозможи враќање од подземјето, што го означува почетокот на пролетта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag