НЕМА ПОВЕЌЕ ДИЛЕМА: Овој ТИП НА МАЖИ е најдобар во кревет!

popara15 мај, 20241min00
Screenshot_1

Женското сексуално задоволство сè уште е обвиткано во мистерија. И додека машката кулминација е истражена одамна, првенствено поради тоа што е директно поврзана со создавањето на потомството, женскиот оргазам е сè уште е табу тема. Можеби ова е причината зошто околу 40 отсто од жените не доживуваат задоволство за време на сексот.

 

 

 

Истражувањата потврдија дека мажите се  подеднакво виновни за оваа статистика. Жените поради„ кочница“ во главата и очекувањето дека мажите им ги читаат мислите, а мажите поради лошата комуникација и недостатокот на труд и мотивација.

 

И покрај тоа, мажите како добар секс го истакнуваат оној во кој партнерката е задоволна, а новото истражување покажало дека постои тип на маж кој жените го истакнуваат како најдобар во кревет.

 

Зошто жените сакаат „лоши момчиња“?

 

Научниците го нарекуваат овој тип на маж хипермажествен. Значи, тие се „повеќе мажи“ само затоа што имаат став, „гард“ и веројатно многу лоши навики и уште повеќе сексуални партнери. Не можат да приврзат за жената, нарцисоидни се и љубовта и сексот никогаш не ги ставаат во иста реченица.

 

Лошите момци се скоро секогаш победници во психолошките игри што ги играме според нивните правила. Нивната мотивација е многу поголема да и покажат на жената дека се многу добри љубовници отколку да и пружат интимно задоволство.

 

Меѓутоа, една друга наука игра многу поголема улога во оваа приказна, а тоа е биологијата.

 

Сосема е природно жените да ги привлекуваат лошите момчиња – затоа што ослободуваат повеќе тестостерон, што доведува до смелост и поизразена сексуалност. Тој тип на маж е бунтовен и емотивно недостапен, а жените мислат дека најмногу ги привлекува, додека не ја почувствуваат горчината на скршеното срце, вели Медлин А. Фугер, професорка по психологија на Државниот универзитет во Конектикат.

 

Жените сексот го поврзуваат со емоции, па најмногу ќе уживаат со маж со кој ќе се чувствуваат ценети. Една неодамнешна студија објавена во British Journal of Psychology вели дека жените сè уште ги оценуваат добрите момци како подобри љубовници.

 

Зошто „добрите момци“ се подобри за женско задоволство?

 

Терминот „добри момци“ се однесува на мажи за кои љубовта и сексот навистина одат во иста реченица. Тие немаат многу сексуално искуство и никогаш не ги објективизираат жените. Иако не зрачат со тестостерон и бунтовност, жените сакаат да поминуваат време со нив, а после сексот се чувствуваат многу посреќни и позадоволни.

 

Исто така, мажите кои немаат големо искуство во креветот се повеќе фокусирани на женското задоволство и се трудат повеќе. Мажите имаат тенденција да го преувеличуваат бројот на партнери со кои спиеле, а истражувањата покажаа дека жените сè уште ја сметаат искреноста за посекси квалитет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag