Нема промашување! Парчиња облека кои секоја зимска комбинација ја претвораат во мамка за комплименти

popara1 декември, 20241min00
62964672-upecatljivi-komadi-kao-dio-dnevnih-kombinacija-uvijek-su-pun-pogodak

Иако понекогаш ни се чини дека е невозможно да се облекуваме впечатливо во зима бидејќи се што носиме се крие под дебели јакни и капути, се разбира, тоа не е ни блиску до вистината.

А зимските комбинации навистина можат да бидат полн погодок. Има детали, односно парчиња облека кои се вистинска мамка за комплименти во зимскиот период, а кои лесно се вклопуваат во вашата гардероба.

На сајтот WhoWhatWear, тие идентификуваа четири опции кои ќе се погрижат луѓето редовно да ви кажуваат дека сте добро облечени, а ние ги пренесовме подолу.

Станува збор за забавни есенско-зимски трендови кои го разигруваат и ќе го разубават секое издание во постудениот дел од годината.

1. Додатоци со леопард принт

Секој детал со леопард принт ќе ја подигне вашата комбинација на повисоко ниво и ќе ја направи привлечна за очи. Тоа може да биде чанта, лента за коса или чизми. Што и да одлучите, нема да погрешите.

Leopard je uvijek dobar izbor

2. Здолништа со светки

Покрај тоа што се одличен избор за декемвриските прослави, здолништата покриени со светки можат да бидат дел од секојдневните изданија. Потребно е само малку модна смелост. Комбинацијата можете да ја ублажите така што останатите парчиња ќе ги направите поедноставни, а здолништето ќе биде она што ќе ви носи комплименти.

Šljokičaste suknje mogu biti dio dnevnik kombinacija

3. Џемпери од кашмир во прекрасни бои

Џемперите од кашмир се толку прекрасни што обичните фармерки се доволни за комбинацијата да биде врвна. Доколку изберете модел во повпечатлива боја, тоа секако ќе го разбуди интересот на љубителите на модата во ваша близина.

Kašmir u lijepim bojama je odličan izbor

4. Кадифена облека

Без разлика дали ќе изберете кошула, панталони, сако или мини здолниште од кадифе, тоа ќе биде парче кое ќе направи модната комбинација да изгледа одлично. А модните експерти велат дека ќе изгледа поскапо отколку што навистина е.

Odjeća od samta kombinacije podiže na višu razinu

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag