Необичен и непријатен симптом кој укажува на висок кортизол

popara12 април, 20241min00
1712816228-fleur-kaan-w4Dj3MshHQ0-unsplash-1024x683

Хормонот на стрес кортизол е многу важен хормон во телото бидејќи регулира како телото реагира на стресни ситуации. Затоа е познат како хормон на стресот, а кога е надвор од рамнотежа можни се многу несакани последици. Еден од нив е сосема неочекуван и непријатен – влакната на брадата кај жените.

Поточно, кога станува збор за нерамнотежа на хормоните, Кушингов синдром можеби не е толку чест како синдромот на полицистични јајници, но жените имаат три пати поголема веројатност да го развијат. И ова е синдром кој предизвикува високо ниво на хормонот кортизол.

Симптомите обично се оние влакна на лицето, т.е. на брадата, но можни знаци се зголемување на телесната тежина, стрии, модринки кои лесно се појавуваат на кожата, слабост на мускулите или коските.

Може да се појави како несакан ефект од земање одредени лекови или поретко поради тумори, но и од други причини.

Во секој случај, исклучително е важно да се консултирате со специјалист доколку се сомневате дека имате проблем со хормоните или воопшто имате некакви потешкотии, бидејќи колку побрзо ја добиете вистинската дијагноза и третман, толку побрзо ќе го решите проблемот и ќе спречите компликации.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma