Луѓето со висок коефициент на интелигенција делат низа заеднички карактеристики на личноста. Некои од нив се логични, но некои можат да ве изненадат.
Читање
Многу паметни луѓе сакаат да уживаат во добра книга, докажано е дека читањето ја зголемува интелигенцијата.
Самоконтрола
Студии покажаа дека луѓето со повисоко IQ можат подобро да ги контролираат импулсивните реакции, имаат подобра смисла за планирање и цели и се прилично разбрани. Умеат да се воздржат во ситуации во кој некој друг едноставно би експлодирал.
Самотија
Студија од 2016 година објавена во British Journal of Psychology сугерира дека попаметните луѓе чувствуваат помало задоволство од дружење за разлика од повеќето луѓе. Tие едноставно уживаат со својата самотија.
Неред
Неуредно биро некогаш било знак на пренатрупан ум, но поновите истражувања сугерираат дека станува збор за спротивното. Во проект од 2012 година на холандскиот Универзитет Гронинген е откриено дека луѓето интелектуално напредуваат во пренатрупано опкружување, а неорганизираноста го тера мозокот повеќе да се фокусира.
Креативност
Луѓето со висока интелигенција имаат богата фантазија и се креативни. Дури и Алберт Ајнштајн рекол дека фантазијата е поважна од знаењето бидејќи „знаењето е ограничено, додека фантазијата поттикнува напредок, раѓа еволуција“.
Отворен ум
Луѓето со повисоко IQ се повеќе подготвени за нови идеи. Тоа е делумно така поради факот дека нема да ги земат работите здраво за готово и ќе ги погледнат доказите од сите страни.
Мачки
Додека оние со кучиња се веројатно поактивн и друштвени, некои психолози сугерираат дека оние со мачки имаат повисок коефициент на интелигенција со поголема интровертност и чувствителност.
Духовитост
Истражувачи од Универзитетот во Ново Мексико во 2011 година откриле дека писателите на комедии имале повисоки резултати на вербална интелигенција.
Црн хумор
Студија од 2017 година покажа дека оние кои постигнуваат повеќе резултати на тестовите на вербална и невербална интелигенција најверојатно уживаат и разбираа црн хумор.
Разговараат сами со себе
Спротивно на идејата дека е знак на лудило, зборувањето сам со себе всушност се смета за знак на висок коефициент на интелигенција и корисна техника за подобрување на меморијата.
Анксиозност
За жал, високиот степен на анксиозност е поврзан со висок степен на IQ, а посебно со загриженост околу социјалните ситуации.
Првородени
Студија на норвешкиот Национален институт за здравје сугерира дека најстарите деца обично се попаметни. Не поради нивните гени, туку поради начинот на кој се пораснати.