Нетфликс конечно откри кога доаѓа седмата сезона на култната серија „Black Mirror“

popara15 март, 20241min00
o_32667853_1280

Иако со месеци се шпекулира дека се подготвува нова сезона од хит научно-фантастичната серија, сега конечно е потврдено дека е започната продукцијата, но и кога ќе пристигне на платформата за стриминг. Нетфликс потврди дека седмата сезона на „Black Mirror“ ќе има премиера во 2025 година.

Станува збор за серија која од почетокот на нејзиното емитување плени милиони гледачи на малите екрани. Авторот на „Black Mirror“, Чарли Брукер откри дека инспирацијата ја нашол во серијата „Twilight Zone“. „Black Mirror“ зборува за модерното општество во блиска иднина и новите технологии и гледа како сите технологии во иднина би можеле да влијаат на луѓето.

Иако креативниот тим одбива да сподели детали за новата сезона, Тудум потврди дека една од шесте епизоди оваа сезона ќе биде продолжение на познатата епизода од четвртата сезона, USS Callister, во која глуми Џеси Племонс. „Роберт Дејли е мртов, но за екипажот на USS Callister нивните неволји допрва почнуваат“, гласи описот на трејлерот за новата сезона.

Враќањето на серијата ќе биде одбележано со релативно кратка пауза, бидејќи шестата сезона беше премиерно прикажана во 2023 година. И иако имаше само пет епизоди, речиси сите ги воодушевија гледачите. Од вселенски хорор до папарацо трилери и сатири за иднината на стриминг. Така, иако сè уште не знаеме за што ќе бидат новите епизоди, релативно е сигурна претпоставката дека неодамнешните технолошки иновации како што се вештачката интелигенција и метаверзумот би можеле да обезбедат многу добра инспирација за авторите на серијата. Во последната сезона серијата собра импресивна актерска екипа како Салма Хајек, Ени Марфи, Арон Пол и Џош Хартнет, па многумина се надеваат дека во новата сезона ќе има и познати актери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag