Нетфликс повторно поскапува? „Ги замоливме нашите корисници малку повеќе да платат“

popara29 февруари, 20241min00
1665682585-pexels-johnmark-smith-2726370-1-750x500

Netflix најверојатно ќе ги зголеми цените на претплатни пакети и оваа година, што би можело да го забрза растот на неговите приходи и профит.

Имено, во октомври минатата година Нетфликс ја зголеми цената на основната претплата од 9,99 долари на 11,99 долари месечно во САД, а корекција на цената е направена и за пазарот во Велика Британија и Франција. Иако се уште не е официјално објавено, челниците на компанијата изјавија дека е можно ново поскапување.

Ко-основачот на компанијата Грег Питерс неодамна објави дека минатата година Нетфликс „го одложил зголемувањата на цените“ додека вовел програма за плаќање со споделување.

„Сметавме дека тоа е форма на замена за поскапувањата. Сега, кога го отфрливме тоа, можеме да продолжиме со нашиот вообичаен пристап кон зголемувањата на цените. И зголемувањето на цените, сте виделе како го правиме тоа во САД, Обединетото Кралство и Франција. Таа промена помина подобро отколку што очекувавме“, изјави Питерс за Variety, додавајќи:

„Ние ќе продолжиме да ги следиме другите земји и ќе се обидуваме да процениме кога испорачавме доволно дополнителна вредност за забава за да ги замолиме нашите корисници да платат малку повеќе за да го одржат тој позитивен механизам и да останат способни да инвестираат во производство на одлични филмови, серии и игри за претплатници“.

Минатата година, Нетфликс достигна дури 29,5 милиони нови претплатници и со тоа ја збриша конкуренцијата, која се бори да ги задржи постоечките корисници, а камоли да добие нови.

„Иако очекуваме растот да забави, веруваме дека Netflix сè уште има значителен простор за раст бидејќи продолжува да ги претвора корисниците во платени претплатници“, велат аналитичарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma