НЕ ВИ ТРЕБА МНОГУ ТРУД И ВРЕМЕ Ова се четири едноставни навики кои ќе ви помогнат да се ослободите од акните и митесерите на грбот

popara19 јуни, 20241min00
Screenshot_13

Блеснете во фустан или маица со отворен грб

 

 

Акните, митесерите и мозолчињата мачат голем број луѓе.

 

Во зимските месеци, кога носиме џемпери и подебела облека, тоа не се забележува. Штом дојде летото и периодот на полесна и поотворена гардероба, почнуваме да се чувствуваме непријатно поради тој видлив проблем.

 

Мозолчињата на овој дел од телото можат да бидат многу иритирачки бидејќи се наоѓаат позади и не се директно видливи за нашите очи како оние на лицето. За да ги решите, обидете се со следните совети.

 

  1. Почесто перете ги градниците

 

Многу жени немаат навика често да ги перат градниците.

 

Сепак, покрај тоа што е исклучително важно од каков материјал е направен, внимавајте бидејќи се потите и таму со текот на времето може да се размножат голем број бактерии. Графниците треба да се перат после секое друго носење.

 

  1. Редослед на туширање

Доколку не сте знаеле, грбот треба да го истуширате последен, бидејќи хемикалиите и одредени масла во шампоните и балсамите можат да ги затнат порите на кожата. Уште една работа на која треба да внимавате е составот на препаратите со кои ја третирате кожата.

 

  1. Редовен пилинг

Пилингот на кожата е ставка која не смееме да ја прескокнеме – затоа што ги отстрануваме мртвите клетки и ја поттикнуваме кожата да се регенерира побрзо и поуспешно. Ако не знаете кој производ за пилинг да го земете, проверете дали се базираат на следните состојки: АХА или БХА киселини. Оптимално, треба да правите пилинг 2 до 3 пати неделно со цел темелно да ги исчистите порите и да го отстраните слојот од мртви клетки. Салицилната киселина (БХА) има одлични антиинфламаторни својства, па затоа може да се користи во лето со соодветен заштитен фактор.

 

  1. Не прескокнувајте го грбот кога го триете телото

 

Кожата на грбот е исто толку важна како и кожата на лицето. Не заборавајте да нанесете слој хидратантен крем за да ги нахраните клетките на кожата. Ако претпочитате да користите сапун за туширање, имајте на ум дека тие го нарушуваат нормалниот pH фактор на кожата и ја сушат премногу!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag