Состојките сигурно ги имате дома
Во последниве години, сè повеќе читаме за бројни начини на употреба на оцетот за одржување на хигиената во домаќинството, затоа бевме заинтересирани дали оваа течност е исто така ефикасна во чистењето на прозорците.
Оцетот е навистина мало чудо од природата: тој е нетоксичен, има силен антибактериски ефект и е далеку поекономичен од штетните хемикалии. Неговиот состав бргу ги отстранува наслагите што се наоѓаат на стаклените површини, така што доколку користиме производ што содржи оцет, можеме да бидеме сигурни дека резултатот ќе биде чисто стакло без линии што понекогаш остануваат по чистењето.
Постојат многу домашни мешавини засновани на оцет, кои се користат за чистење на прозорци, огледала и други стаклени површини, а ние споделуваме со вас едноставна инструкција од познатата Марта Стјуарт.
* Измешајте еднакви количини топла вода и оцет.
* Натопете сунѓер во оваа течност и навлажнете го прозорецот со него.
* Исчистете само кога прозорецот не е под директна сончева светлина.
* Исплакнете и исушете ја рамката на прозорецот веднаш за да избегнете оштетување.
Ако прозорецот е многу валкан, измијте го со сапун и вода пред да ја користите оваа смеса, а доколку има дамки кои тешко се чистат, обидете се да ја отстраните масната наслагата со крпа на која претходно сте нанеле чист, нерастворен оцет.