Во зима, сушењето облека е исцрпувачко и се чини дека трае вечно. Но, постојат неколку едноставни методи кои можат да го олеснат сушењето алишта и со кои оваа домашна задача нема да трае со денови. Керолајн носи еден од нив.
За време на студените денови, многу луѓе често ја користат машината за сушење за побрзо да ги исушат алиштата. Но, не треба да се грижите ако немате машина за сушење или едноставно не сакате да ја користите, бидејќи куќната чистачка смислила супер брз начин за сушење алишта во зима. Таа го сподели својот трик на ТикТок.
„Еве еден навистина лесен начин за брзо сушење на алиштата. Земете пешкир и ставете го рамно, а на него ставете мокра облека. Ќе го користиме методот бурито“, објаснила Керолајн во видеото. Таа потоа ја зграпчи основата на крпата и ја свитка со алиштата внатре.
@neat.caroline How to dry clothes without a dryer #hometips #fyp #laundrytips #laundryhacks #clothingtips #learnontiktok #laundryhack #laundry
„Ќе го притиснете пешкирот со колена за да ја исцедите вишокот на влага“, рече таа, а потоа го одвитка пешкирот.
„Можете да закачите кошула на жица за сушење и таа ќе се исуши за неколку часа, наместо преку ноќ“, додаде таа. Во видеото таа сподели уште неколку совети за сушење алишта. Ако ви треба навистина брзо сува облека, земете фен за коса и почнете да се сушите.