Двата поими кои веројатно ги слушаме и среќаваме секојдневно, а ретко кој ја знае границата и разликата.
Дали сте анксиозни или депресивни? А, можеби ниту едното, ниту другото, туку само минувате низ тешка моментална ситуација?
Иако и двете состојби се третираат како нарушување на менталното здравје, сепак двете се комплетно различни по интензитет и по симптомите.
Како да разликувате анксиозност од депресија?
Карактеристики на анксиозноста:
- Грижа и нервоза поврзана со иднината и претпоставки околу тоа што може да се случи во иднина.
- Редовни мисли за работите кои може да тргнат наопаку.
- Чувство како да сакате да избегате од ситуацијата.
- Нема суицидални мисли.
- Но, има симптоми како тресење, потење и потреба физички да се напушти просторот.
- Води до изолација или избегнување на работата или луѓето.
- Потешкотии при заспивање и недостаток на концентрација.
- Нема потреба од себе-повредување или деструктивно однесување.
- Примарно се карактеризира со страв.
Карактеристики на депресијата:
- Чувство на изразена тага кога размислувате за животот во сегашноста или иднината.
- Недостаток на мисли кои вклучуваат барем мал процент на надеж и оптимизам.
- Свесност дека се случува нешто негативно, но недостаток на желба нешто да се преземе.
- Можни се суидицални мисли.
- Недостаток на енергија и мотивација да се преземе нешто.
- Губење на интерес за повеќето активности во текот на денот.
- Нагли осцилации со премалку или премногу спиење, за разлика од останатите денови.
- Можни се нагони за себе-повредување и деструктивно однесување.
- Примарно се карактеризира со долгорочна тага.