Не го занемарувајте овој дел од телото: Неколку чекори за совршено негувани стапала

popara26 мај, 20241min00
Screenshot_6

На нашите стапала им е навистина тешко со секојдневното брзање и притисок од модерниот живот и неудобните чевли. Затоа е важно да посветите повеќе внимание за нивна грижа. Погледнете ги овие 6 едноставни совети кои ќе ви помогнат во тоа.

 

 

 

1.Одржувајте ги стапалата суви

 

Еден од основните принципи за хигиена е стапалата постојано да ви бидат суви. Влажноста создава совршена средина за развивање габи и инфекции. Во ова ќе ви помогнат следниве работи:

 

Носете чевли кои се направени од природен материјал и кои ѝ дозволуваат на кожата да дише.

Избегнувајте да ги носите истите чевли неколку денови по ред.

Темелно избришете ги стапалата после бањање.

 

  1. Правилно сечете ги ноктите

 

Неправилно исечените нокти резултираат со сраснување кое може да биде навистина болно. Еве неколку совети да го спречите тоа:

 

Сечете ги ноктите по права линија.

Немојте премногу да ги кратите. Ова може да предизвика сраснување и инфекции.

Немојте да ги сечете кутикулите! Може нежно да ги потиснете назад кон коренот на нокотот.

 

  1. Одржувајте го здравјето на вашите нокти

 

Оваа постапка ќе ви помогне да се ослободите од болката од сраснатите нокти:

 

  1. Накиснете ги стапалата во топла вода околу 20 минути. Додајте 1 лажица сол во 1 литар вода.
  2. Ставете конец за заби под работ на вашиот нокот и нежно подигнете.
  3. Ставете антисептик на третираното место и заштитете го со завој.
  4. Повторувајте го овој процес додека нокотот не заздрави целосно.

 

Ако не гледате подобрување и ако забележите некој знак на инфекција, веднаш одете на доктор.

 

  1. Накиснете ги стапалата во топла вода

 

За вашите стапала да изгледаат прекрасно, а петите да ви бидат мазни, накиснете ги во топла вода околу 20 минути, барем еднаш неделно. Можете да додадете сол, есенцијални масла и слично. Користете камен за пета за да ја отстраните сувата кожа од петите.

 

  1. Навлажнувајте ги стапалата

 

Најдобро е да користите мрсни креми, како на пример, вазелин. Само запомнете, никогаш не ги нанесувајте кремите помеѓу прстите бидејќи може да се создадат габи.

 

  1. Масирајте ги стапалата

 

Масажата на стапалата е одличен начин да се ослободите од заморот, да ја подобрите циркулацијата на крвта и да го одржите здравјето на стапалата. Можете да купите масажер за стапала, или пак можете да користите каков било кружен предмет, како на пример топче за тенис. Ставете го топчето под стапалото и почнете да го движите напред-назад.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma