Не го местете креветот штом ќе се разбудите: Може да биде опасно, еве зошто

popara4 мај, 20241min00
1714738590-pexels-edgard-5628406-1024x768

Иако сакаме се да е на свое место, се испостави дека е попаметно да се остави „неуреден“ кревет.

Местењето на стутканите чаршафи и ќебиња на креветот по будењето за многумина е задолжително, а бројни истражувања покажаа дека оваа навика е добра за менталното здравје.

Но, кога станува збор за физичкото здравје, се чини дека во секој случај не треба да го правиме тоа. Се испостави дека „паметниот“ потег е да го оставите креветот ненаместен, односно да не ги наместите чаршафите по будењето.

Причината се грините. Овие животни, невидливи со голо око, се причина за алергии и астма. Тие се хранат со клетките на нашата мртва кожа, а топлата средина ја фаворизира нивната репродукција. Исто како што е во кревет, под прекривките.

За барем делумно да се ослободите од нив, добра одлука е да оставите „неуреден“ кревет за грините да бидат изложени на пониски температури и свеж воздух и да умрат. Токму тоа ги оправдува постапките на нашите мајки и баби кои секогаш ги вадат чаршафите од креветот и ги ставаат на прозорец или балкон за да се проветрат.

Доколку, како и многумина, немате време наутро да барате место каде што ќе можете да го раширите целото ќебе и тоа е на поладен воздух, оставете ја постелнината „неуредна“ за да се ослободите барем од дел од грините, советуваат експертите и велат дека доколку спиете голи, задолжително менувајте ја постелнината почесто, најмалку два пати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag