Не е добро ниту да претерате: Неколку знаци кои покажуваат дека пиете премногу вода

popara6 август, 20241min00
Screenshot_6

За време на жешките летни денови сите се трудиме да пиеме доволно вода, но ретко кој обрнува внимание на прекумерно внесување течности што исто така не се препорачува.

 

 

 

 

Внесувањето вода зависи од тоа каде живеете, односно климатските услови, сезоната, телесната тежина, здравствената состојба и колку сте активни.

 

Препораките за дневен внес на течности (вклучувајќи вода, како и други течности внесени со храна и други пијалоци) се 3,0 литри за мажи и 2,2 литри за жени.

 

При поголема физичка активност, повисоки температури на воздухот, во влажна и топла клима потребно е да се земаат дополнителни количества вода. Треба да се зголеми внесот на вода за време на бременост и доење и во некои здравствени состојби (треска, дијареа, повраќање). Започнете го денот со утринска чаша вода (2 dcl) и пијте ја во текот на денот. Чаша млака вода наутро го стимулира варењето и помага при утринското празнење на цревата.

 

Иако ретко се претерува со пиењето вода, тоа може да им се случи на спортистите кои ќе се потрудат да пијат доволно течности за да можат да дадат подобри резултати. Според порталот Healthline, луѓето со заболувања на бубрезите, црниот дроб или срцето може да имаат поголема веројатност да доживеат прекумерна хидратација.

 

Кога човек консумира прекумерна количина на вода, клетките во мозокот почнуваат да отекуваат, а притисокот во черепот се зголемува. Ова ги предизвикува првите симптоми на интоксикација со вода, кои вклучуваат: главоболка, гадење и повраќање.

 

Тешките случаи на интоксикација со вода може да предизвикаат посериозни симптоми, како што се поспаност, мускулна слабост или грчеви, висок крвен притисок, замаглен поглед, конфузија и отежнато дишење.

 

Еден од сигналите за пиење повеќе од препорачаната дневна доза на вода е гадење, а може да се јават и повраќање, конфузија и дезориентација.

 

Посериозните сигнали вклучуваат мускулни грчеви или чувство на мускулна слабост. Може да дојде до напад и губење на свеста и важно е во овој случај да се консултирате со лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag