НЕ Е СЕЕДНО: Еве во кој дел од денот е најдобро да консумирате мед

popara18 февруари, 20241min00
71958_med123_f

Покрај количината, многу е важно во кој период од денот консумирате мед.

На сите добро им е познато како медот позитивно влијае на имунитетот, меѓутоа, количината на овој природен засладувач не е секогаш иста за секого, предупредува руската нутриционистка Ана Кошечкина.

– Не постојат јасни стандарди кои би ја одредиле точната количина на мед што може да се јаде во текот на денот. Ако човек јаде многу слатки, јаглехидрати, гликоза и фруктоза секој ден, тогаш дефинитивно не треба да претера со медот. Можеме да претпоставиме дека просечниот човек јаде околу 100 грама шеќер дневно, а препораката е нешто помала – од 70 до 90 грама. Шеќерот се наоѓа во речиси сите намирници. Затоа е корисно да консумирате не повеќе од три до пет лажички мед дневно за да имате корист, но да не му нанесете штета на вашето тело, како на пример, зголемување на телесната тежина, појава на кариес… – објаснува Кошечкина.

– Мислам дека зависи од тоа со што го комбинирате. Ако се комбинира со производи кои содржат кофеин, тогаш е подобро наутро. На пример, чај или кафе со мед најдобро се пие пред пладне. Медот не содржи супстанции кои се важни да се земаат во одредено време од денот. Но поради тоа што има многу јаглехидрати, веројатно е подобро да се консумира во првата половина од денот, за телото да има време да ги користи овие состојки за енергија, а не за масти – советува нутриционистот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag