Повеќето класични фармерки имаат пет џебови – два назад, два напред и мини џеб во десниот преден џеб. И дали некогаш сте се запрашале за што служи тој мал џеб напред? Тој има цел.
Тие мали џебови се направени од 1890 година кога за прв пат биле сошиени во познатите фармерки Levis. Тие се дизајнирани да држат џебни часовници. Тие биле вградени во дизајнот на фармерките за на каубојците да не им паѓаат часовниците од панталоните додека јаваат коњи и работат на ранчеви.
Иако џебните часовници повеќе не се носат денес, мини џебовите сè уште постојат на фармерките за да се зачува нивниот оригинален дизајн.
Денес, тој мал џеб можете да го користите за прстени, запалка, клуч и други ситници.