По неколку дена разделба, за време на кои Џенифер Лопез ги однесе своите близнаци Ема и Макс на кратко патување во Јапонија, Бен Афлек и латино дивата покажаа силна љубов, а папараците го фатија тој момент.
По ручекот во еден од рестораните кој се наоѓа недалеку од нивниот дом, Афлек и Џенифер Лопез се упатиле кон автомобилот, а пред да влезат во него, Бен ја притиснал на ѕидот и почнал страсно да ја бакнува, на што таа возвратила со иста страст.