Третата сезона од серијата „And Just Like That…“ вредно се снима на улиците на Њујорк, а главниот лик од омилената женска серија повторно привлекува внимание со своите модни комбинации.
Веќе навикнавме на нејзините еклектични изданија, а таа овој пат се појави во едно такво издание и уште еднаш предизвика поделени мислења.
Таа комбинираше лелеав миди фустан во боја на циклама со елек со шеврон дезен, бисерен ѓердан и штикли.
Се работи за штикли гладијаторки кои Сара не ги носи овие денови, а жените или ги сакаат или ги мразат.
Препознатливите кафеави кожени чевли на Вивиен Вествуд датираат од 2009 година и имаат ремени и прилагодливи токи кои висат до подот. Стилистите Моли Роџерс и Дени Сантијаго ја извлекоа таа копија од архивата, а Сара за прв пат ги облече на снимањето на вториот дел од Сексот и градот.
Само неколку дена откако се прошета по улиците на Њујорк во споменатата комбинација, Сара комплетираше уште едно, овој пат малку полежерно издание со истите чевли.
Ги комбинирала со удобни панталони со појас и спортска кошула со логото на машки американски бејзбол тим.