Ема Стоун (35) доби Оскар на 96-тото доделување на оваа престижна награда, за главната актерка во филмот Poor Creatures.
Ова е втор Оскар за Стоун, откако во 2017 година ја освои наградата за најдобра актерка во филмот „La La Land“. При примањето на наградата, актерката откри дека имала проблеми со фустанот.
– Се скина. Мислам дека тоа се случи за време на песната „I’m Just Ken“ – изјави Ема, која заедно со останатиот дел од публиката со ентузијазам ја следеше изведбата на таа песна на доделувањето.
Фустан од Луј Витон и 30-каратен дијамант
Песната ја изведе нејзиниот колега од „Ла Ла Ленд“, Рајан Гослинг, кој го глумеше Кен во филмот „Барби“. Иако таа песна беше номинирана и за најдобра оригинална песна на 96-те награди, таа награда и припадна на Били Ајлиш за песната „What I Was Made For“ за истиот филм.
Актерката на церемонијата на доделување на наградите се појави во светло зелен фустан на Луј Витон со отсекување на рамениците, кој го спои со ѓердан со жолт дијамант од 30 карати.
– Неодамна ме фати паника, како што гледате често ми се случува. Јоргос Лантимос ми рече да се откажам од ова. И тој беше во право, бидејќи не се работи за мене. Се работи за целиот тим кој се собра за да направи нешто неверојатно – рече таа во својот говор. Таа му се заблагодари и на режисерот за улогата на Бела Бакстер.
По нејзиниот говор, актерката накратко проговори за нејзиниот фустан.
– Не ја гледајте одзади, благодарам – рече таа и излезе од сцената држејќи го фустанот со раката.
Овој филм е втор најнаградуван Оскар оваа година. Доби четири Оскари за: најдобра шминка и фризура, најдобра костимографија, најдобра сценографија и најдобра актерка.