Есента е сезона на промени и трансформации, и внатрешни и надворешни. Поривот за промена ја погоди и Викторија Бекам (50) која есенва реши да го промени својот изглед со нова миди боб фризура. Таа е една од најбараните фризури во 2024 година, а ја носеа и други познати дами како Салма Хаек, Моника Белучи и Пенелопе Круз.
Како што сугерира неговото име, миди боб (или средно долг боб) се дефинира според неговата должина. Станува збор за варијација на класичниот боб крој, но со должина која достигнува некаде помеѓу брадата и рамената. Оваа должина овозможува бројни стилизации, и права коса и бранови или локни. Може да биде слоевит или малку асиметричен, во зависност од преференциите. Фризерските експерти ја опишаа оваа фризура за Vogue нагласувајќи дека иако одговара на сите форми на лице и текстури на коса, најважно е да се постигне вистинската должина токму затоа што е некаде „помеѓу“. Ако миди бобот не е добро исечен или стилизиран, може да изгледа монотоно.
Бидејќи не е ниту предолга, ниту прекратка, оваа фризура е идеална за освежување без драматична промена. Не бара многу време за стајлинг, што е негова голема предност, а фризерите често го споредуваат со „без шминка изглед“. Миди бобот особено го истакнува овалниот облик на лицето на Викторија, кој се смета за идеален за разни фризури, а како што е позната по нејзината наклонетост кон минимализмот и чистите линии, логично е тоа да се одрази и во нејзиниот стил. Оваа фризура е класична и модерна во исто време, што и овозможува на Викторија да го задржи својот препознатлив изглед, без да го престилизира. На последната фотографија на својот Инстаграм каде позира со семејството во долг црн фустан со отворени рамена и со нова фризура, таа уште еднаш докажа дека со право важи за стилска икона.
View this post on Instagram