Не може да штети! Петнаесет начини да се опуштите за пет минути

popara8 јануари, 20241min00
Screenshot_5

Кога секојдневниот хаос од животот ќе стане преголем и кога ќе се најдете на самиот раб од бездната, не скокајте кон неа со целата сила во себе. Тоа во никој случај не може да ви помогне. Токму затоа, погледнете ги наредниве 15 техники кои ќе ви помогнат да отворите падобран од смиреност и полека да лебдите над хоризонтот на стресот…

 

 

 

Мирис на лаванда – Студиите покажале дека овој популарен цвет може да помогне при опуштање на вашите мускули, но и за целосно опуштање на телото. Лавандата е одличен лек за анксиозност, депресија, иритабилност, паника и проблеми со спиење.

 

Нова перспектива – Променете ја перспективата на одредена ситуација така што ќе се запрашате зошто се чувствувате онака како што се чувствувате во тој момент. Дали навистина вреди да чувствувате толку голем стрес? Дали можете да го решите проблемот? Дали имате покрив над главата и храна на масата? Дали нештата се навистина толку лоши колку што изгледаат во вашата глава? Обидете се да гледате малку попозитивно на нештата и не заборавајте постојано да бидете насмеани.

 

Прошетка – Дури и неколку минутната прошетка има позитивни и смирувачки ефекти врз вашето тело. Тајната е да го употребите вашиот ум, да се фокусирате на сегашниот момент и да се поврзете со природата.

 

Музика – Одберете музика со бавно темпо и лесни инструменти, па секој пат кога ќе почувствувате како ве обзема стресот, пуштете ја вашата смирувачка плејлиста и веднаш ќе ги почувствувате позитивните ефекти.

 

Медитација – Медитирајте во кратки интервали во текот на целиот ден. Нема подобар начин за релаксирање.

 

Насмевка – Кога се смеете, се создава чувство на мир и добросостојба кои едноставно прават да се чувствувате среќно. Токму затоа обидувајте се што повеќе да се смеете, дури и во ситуации кои ви предизвикуваат стрес, како на пример, заглавеност во сообраќај.

 

Дишете длабоко – Секогаш кога се чувствувате вознемирено, вашето дишење станува брзо и плитко. Токму затоа фокусирајте се на вашето дишење и обидете се да го успорите, особено во издишувањето.

 

Наводнување на цвеќињата – Градинарството и поминувањето време во природа може да ви помогне да го подобрите вашето внимание како и да ги релаксирате вашето тело и ум. Доколку немате време за градината, едноставно наводнете ги вашите домашни цвеќиња.

 

Запишувајте сè – Дневникот може да ви помогне да ги појасните вашите мисла и чувства, како и да ви овозможи да добиете вредно себеосознавање и спокој. Тоа исто така може да биде одличен начин за решавање на проблеми, понекогаш е многу полесно да се дојде до решението на хартија. Исто така на овој начин вие можете да се ослободите од моќните емоции, да добиете јасност во мислите и да се отпуштите од некои негативни чувства и работи кои едноставно не можете да ги промените.

 

Истегнете се – Сите ние добро ги знаеме придобивките за ослободување од стресот во јогата, но доколку немате време секојдневно да одите на часови, обидете се барем да ги искористите придобивките од основното секојдневно истегнување.

 

Визуелизирајте мирно сценарио – Мозокот е многу моќен. Кога ќе визуелизирате мирни пејзажи, вие ќе повикате смирени чувства кои ќе се протегаат низ целото тело. Преку визуелизација, нашите тела можат да се опуштат и стресот целосно да се стопи. Затворете ги очите и замислите ритмички бранови на долги и бели песочни плажи…

 

Разговарајте со пријател – Доколку сте хронично под стрес, сигурно сè уште не сте нашле начин на кој можете да ја промените перспективата. Но, пријателите можат да ви помогнат во оваа цел така што ќе направат да се почувствувате посреќно и одново да го пронајдете вашиот внатрешен мир.

 

Заѕвонете со ѕвонче за свесност – Ова можеби ќе ви звучи смешно, но станува збор за ефективен начин кој може да ве врати во сегашниот момент. Да, навистина постојат апликации и веб-сајтови за ѕвончиња за свесност. Наместете аларм како потсетник и кога ова ѕвонче ќе заѕвони, ќе ве врати во сегашноста. Потсетете се себеси да дишете и релаксирајте се.

 

Не го вклучувајте телевизорот – Не ги гледајте вестите додека јадете и одвреме-навреме обидете се да направите пауза од стресните и застрашувачки медиуми.

 

Исклучете го мобилниот – Одморете се од надворешниот свет и поврзете се со вашиот внатрешен свет – откако ќе разговарате со пријателите, секако. Кажете си на себе дека мирот владее со овој момент и опуштете се. Го заслужувате тоа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag