Лукот е толку вкусен што сакаме секогаш да биде дел од нашите јадења – варен, печен, свеж. Но, неговото чистење не е ничија омилена работа, бидејќи неколку часа по подготовката, познатиот мирис останува во прстите. Но, доволно е здрав и ароматичен за да ги искористите сите трикови за полесно да го чистите.
Прелијте го лукот со врела вода, држете го во неа неколку секунди, извадете го, а остатокот од кожата отстранете го со влажни прсти. Топлата вода треба многу да го олесни овој процес.
Ако имате микробранова печка, оваа работа ќе ви оди како од шега.
Само отсечете ги врвовите на неколку чешниња лук и загрејте ги во микробранова печка 20-30 секунди, кожата веднаш ќе пукне.