Ако се чувствувате уморни, веројатно една од првите работи што ќе ја направите е да посегнете со рацете да ги триете очите. Но, ако се суди според снимка од магнетна резонанца при таа процедура и препораките на офталмолозите, воопшто не треба да го правите ова.
Американскиот доктор Брајан Боксер Вахлер на социјалната мрежа TikTok прикажа снимка со магнетна резонанца на која се гледа што се случува кога некој си ги трие очите.
Може да се видат очните јаболка како се извртуваат и туркаат понатаму во дупката. Кога човек ги турка очите за да ги трие, очните јаболка изгледаат како да се згмечени.
„Ве молам, не ги тријте очите, особено ако имате кератоконус што може да се влоши“, рече д-р Боксер Вахлер, кој работи во Институтот Boxer Wachler Vision во Беверли Хилс, САД.
Кератоконусот е невоспалителна состојба на окото во која нормално кружниот прозорец на окото во облик на купола, наречен рожница, се разредува и предизвикува формирање на испакнатост. Ова ја нарушува способноста на окото да се фокусира правилно и може да предизвика слаб вид.
@brianboxerwachlermd one reason to not rub your eyes #keratoconus
Во зависност од етничката припадност, тоа влијае на еден од 450 луѓе.
„Изгребаната или тенка мембрана го прави окото посклоно на инфекции, вклучително и габична инфекција. Додека окото има неверојатна низа на заштитни мерки – веѓи, долни и горни трепки и влажен систем за испирање што се активира секогаш кога ќе трепнете – не е имуно на инфекции“, се вели во упатствата на Атлантскиот очен институт.
„Доколку очите ви се воспалени и изгребани или ако ‘погрешна’ бактерија се префрли од вашите раце на очите, постои поголем ризик од инфекција на окото“, продолжува, нагласувајќи ја препораката на д-р Вахлер.