Не фрлајте пари и време на овие креми: Дерматолог открива која козметика треба да ја заобиколите

popara1 јули, 20241min00
70955_shutterstock-1941572701_f

Не е тајна дека индустријата за убавина е во подем бидејќи сите сакаме да постигнеме најдобар можен сјај и изглед, а честопати сме во состојба да издвоиме голема сума пари за добар козметички производ кој ќе реши одредени проблеми.
Меѓутоа, ретко се случува во нашата средина да познаваме личност која не потрошила многу пари на подготовка која не му го решила проблемот.

Дерматолозите открија дека некои работи можат да се решат само со промена на навиките и начинот на живот и дека нема да ни помогнат ниту една крема, па дури ни најскапите.

Докторката Кристин Чои Ким откри кои пет производи можете да ги прескокнете бидејќи само непотребно ќе трошите пари на нив, пишува The Healthy.

Скапи средства за чистење на лицето

Нивната улога е да ја отстранат шминката и наслагите кои се насобрале на кожата во текот на денот.

„Попаметно е да се инвестира во четка за чистење на лицето за целосно чистење на кожата“, советува д-р Ким.

Производи против стареење

Стареењето е невозможно да се запре, а разни производи со отров од змија или слуз од полжав и слично не се докажани како делуваат, затоа не паѓајте на рекламите.

Она што можете да го направите за вашата кожа е да ја одржувате хидрирана, а тоа можете да го направите со креми кои ќе ве чинат многу помалку пари. Рицинусовото масло е исто така корисно, придонесувајќи за еластичноста на кожата и намалување на брчките.

Скапи креми со заштитен фактор

Заштитниот фактор е исклучително важен, но цените на овие производи драстично се разликуваат, затоа не паѓајте во замката да плаќате само за името и пакувањето.

SPF мора да биде најмалку 20 и од клучно значење е да го нанесувате редовно, особено после потење и пливање.

Антицелулитни креми

Многу жени се борат со целулитот, а најдобар начин да си помогнете е да вежбате, да јадете правилно и да пиете доволно вода.

Кремите ќе ви помогнат да ја направите вашата кожа помазна и помека, но нема да направат многу повеќе од тоа. Проценете сами колку пари сте спремни да потрошите за да добиете таков ефект.

Креми против стрии

Доколку таквите креми делуваа, никој немаше да има стрии во тој случај. За жал, подобро е да ги прескокнете бидејќи едноставно ќе трошите пари.

Наместо тоа, разговарајте со дерматолог за ласерски процедури, од кои некои ќе го стимулираат производството на колаген и на тој начин ќе го намалат видливото црвенило.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag