По двегодишна пауза, Бела Хадид се врати на модната писта. Таа носеше облека за Yves Saint Laurent на модната недела во Париз каде беше претставена женската колекција за пролет/лето 2025 година, како што пишува The Independent.
27-годишната манекенка прошета по пистата облечена во предимензиониран црн костум со бела кошула и вратоврска и очила за сонце, додека косата ѝ беше навлечена во пунџа.
Bella Hadid walking at Saint Laurent fashion show. pic.twitter.com/46AFHkptFZ
— 21 (@21metgala) September 24, 2024
Таа беше на своето последно шоу во 2022 година во Доха, каде што се појави на хуманитарен настан организиран од Наоми Кембел и Катар Креатори.
Нејзиното враќање беше дочекано со ентузијазам, бидејќи е познато дека манекенката со години се бори со Лајмската болест.
Бела со години беше прогласувана за најубава жена на светот бидејќи 95 проценти од нејзините црти одговараа на златната средина на убавината, покажа научното истражување пред неколку години. Математичката равенка која ја смислиле старите Грци за да ја проценат надворешната убавина покажала дека титулата најубава и припаѓа на манекенката Бела Хадид (27). Таа беше најблиску до тој идеал за убавина и беа проучувани нејзините очи, веѓи, нос, брадата, усните, вилицата и обликот на лицето.
Нејзиниот живот драстично се промени пред неколку години. Ја поврзаа со машини за да и го олеснат животот. Открила дека боледува од Лајмска болест која вообичаено се пренесува преку крлежи.
Таа е предизвикана од бактеријата Borrelia burgdorferi, а болеста зафаќа повеќе системи, најчесто кожата, зглобовите, срцето и нервниот систем. Главата ја болела речиси секој ден, имала грчеви во мускулите и болки во зглобовите, а ѝ пречела бучава и светлина.
„Секој ден чувствувам барем десет од овие симптоми. Ги почувствував на 14 години, но се интензивираа откако имав 18 години“, напиша тогаш Бела. Болеста ѝ беше дијагностицирана во 2012 година. Третманот со антибиотици е ефикасен во раните фази на болеста, но инфекцијата може да стане сериозна и долготрајна. Во еден момент открила и дека останала без забите.
Кога болеста се влошила, Хадид повеќе не сакала да размислува за работа, па престанала да оди на ревии, но одвреме-навреме позира за познати брендови. Таа живее сосема поинаков начин на живот. Нашла мир на мал ранч во Тексас и постојано е во природа, јава коњи и не води толку јавен живот како порано.