Никогаш не изгледала поубаво: Новата фризура на Пенелопе Круз ги брише годините од лицето, а фустанот е полн погодок

popara13 јануари, 20241min00
73809_profimedia-0835805902_f

Шпанската актерка Пенелопе Круз се појави на црвениот тепих во подмладен изглед, со нова фризура која одлично и прилега.

На 14-тото доделување на „Governors Awards“ во Лос Анџелес, актерката Пенелопе Круз се појави во сосема ново издание.

Таа носеше долг бел фустан кој во горниот дел има корсет, а во долниот дел има неколку карнери и женствен крој. Сепак, најголемото изненадување беше новата фризура.

Сопругата на Хавиер Бардем реши да го промени имиџот со смела фризура и сите се согласуваат дека не згрешила. Пенелопе ја скрати косата во елегантен боб и ја освежи со природни светлини во боја на карамела. Таа ја стилизираше така што е поделена на средина, а фризурата ги истакна нејзините црти и маслинестиот тен.

Актерката во договор со својот долгогодишен фризер Пабло Иглесијас се одлучи за должина помеѓу брадата и клучната коска која воопшто не е тешка за одржување и изгледа одлично. Краевите на косата се четкаат навнатре, така што косата добива волумен.

Фризурата на Пенелопе е одличен пример за тоа како постои идеален боб за секого.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag