За Никол Кидман парите не се пресудни за да прифати улога.
Никол Кидман во новото интервју за „L’Officiel“ откри дека парите не и се најважни кога глуми во големи холивудски продукции, пишува „Variety“.
Со оглед на тоа што оскаровката често е пофалена за нејзината работа во драми, многу фанови се прашуваат зошто воопшто се согласува на блокбастери како Аквамен и Бетмен.
„Сите ме прашуваат: „Зошто го правиш ова?““, се сеќава Кидман кога ја прашале кога се согласила да ја игра докторката Чејс Меридијан во Бетмен засекогаш.
Нејзиниот одговор беше: „Затоа што можам да го бакнам Бетмен. Она што луѓето не го разбираат е дека не се работи за парите, се надевам дека многу од мејнстрим блокбастерите во кои глумам се различни.“
Истите прашања ја дочекаа и кога ја прифати улогата на кралицата Атлана во Аквамен и неговото продолжение.
Актерката не ги читала стриповите на Аквамен, но затоа е голем обожавател на режисерот Џејмс Ван и неговите хорор филмови. Кога и се јавил Ван, била воодушевена бидејќи мислела дека ќе глуми во неговиот хорор филм, но потоа дознала дека се работи за филм за суперхерои.
„Навистина сакав да работам со него на хорор филм“, изјави Кидман.
Покрај филмови, Кидман во последните години почна да работи и на телевизиски серии. Таа доби Еми за нејзината работа на „Big Little Lies“, а се појави и на „Undoing“, „Expat’s“ и „Nine Perfect Strangers“.
Таа наскоро ќе ја видиме во мини серијата „The Perfect Couple“ што доаѓа на Нетфликс на 5 септември.