Никол Кидман ужива во Венеција: го замени холивудскиот гламур со спортска елеганција

popara2 септември, 20241min00
Никол Кидман

Популарната актерка ужива на филмскиот фестивал во Венеција и таму е да го промовира својот најнов филм „Babygirl“. Никол Кидман веќе претстави неколку елегантни тоалети, а за нејзиниот дневен изглед избра нешто поедноставна комбинација.

Американско-австралиската ѕвезда уживаше во Венеција и прекрасните погледи на гратчето познато по романтичните канали и гондоли. Сепак, на сите убави работи им доаѓа крајот, па Никол Кидман ја напушти Венеција!

За одењето на аеродром актерката покажа дека знае да постигне елеганција со секојдневните комбинации, а овој саботен изглед е составен од парчиња кои секој ги има во својот плакар.Никол Кидман избира спортска елеганција
Популарната актерка носеше фармерки и едноставна бела маичка кои повеќето од нас ја имаат во гардеробата. Аутфитот го комплетираше со карирана јакна, а покрај тоа носеше и бели тениски чевли, но и парче кое го имаат само малкумина!

Станува збор за црна шик чанта со потпис на француско-шпанската куќа Balenciaga, за која било потребно да се издвојат дури 4.000 фунти.

Облечена во оваа едноставна облека, актерката се збогуваше со обожавателите кои и посакаа безбедно патување од Венеција.

Холивудската легенда блесна во петокот вечерта на премиерата на нејзиниот најнов филм, а за специјалната пригода избра фустан од Даниел Роузбери за модната куќа Schiaparelli.

Фустанот кој комбинира кадифе, реси, светки и тул во најелегантниот изглед за црвениот тепих не е за секого, а актерката потврди дека е најголемата ѕвезда на вечерта.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag