Џенифер Лопез и Бен Афлек беа на кошаркарскиот натпревар на Семјуел, 12-годишниот син кој актерот го има од бракот со Џенифер Гарнер.
Џеј Ло и Бен се сретнале на влезот од салата во Санта Моника, Калифорнија. Актерот се смешкал, а кога се сретнале се бакнале во образ. На многу обожаватели ова им е чудно бидејќи претходно папараците често го снимаа парот како јавно разменува малку повеќе нежности.
Исто така, тие не се држеле за раце како обично. И покрај очигледните заладени односи меѓу нив, Бен сепак бил кавалер, па по натпреварот ја отворил вратата од автомобилот за Џенифер да влезе прва, а потоа заедно заминале.
Таму биле мајката на Бен, како и неговата поранешна сопруга
Бен со себе ја зел мајка си Ен Болд. На спортскиот настан била присутна и неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер.
Да потсетиме, Џеј Ло неодамна ја откажа американската турнеја. Компанијата „Live Nation“, која е промотор на летната турнеја, минатиот петок објави дека истата е откажана, велејќи дека „Џенифер зема слободно време за да биде со своите деца, семејството и блиските пријатели“.