На прв поглед, многумина никогаш не би рекле дека оваа убавица е поврзана со ѕвездата на немиот филм Чарли Чаплин.
Се сеќавате ли на убавата Талиса која внесе превирања во животот на Роб Старк во серијата „Игра на тронови“?
Нивните жешки сцени многумина сè уште ги паметат, а малкумина знаат дека ликот на Талиса го оживеа Она Чаплин, внуката на ѕвездата на немите филмови, Чарли Чаплин.
Убавата Она имаше 26 години кога доби улога во „Игра на тронови“, а нејзината убавина ја освои публиката пред малите екрани.
Покрај улогата на Талиса, таа има одиграно голем број улоги во филмови и серии, а беше ангажирана и за ликот Варанг во филмот „Аватар“.
Не се знае многу за нејзиниот живот, но се знае дека е родена во Шпанија и има швајцарска, шпанска и британска крв.
Како дете се занимавала со танцување, а на 15 години се запишала во драмско училиште и сфатила дека глумата е нејзиниот повик.
Таа е позната и како активист и член на Здружението Боа, меѓународна организација која работи со домородните заедници за да ги регенерира деградираните екосистеми и да ја заштити биолошката разновидност.