Свежото овошје и зеленчук се задолжителни во здравата исхрана за слабеење, но и меѓу овие намирници има и попосакувани! Ви го претставуваме зеленчукот кој се смета за најефикасен доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми без да гладувате и да го лишите организмот од хранливи материи.
Наполнете ја чинијата со зеленчук барем до половина и веќе сте направиле многу за вашето здравје и вашата линија!
Урамнотежената и разновидна исхрана е најдобриот начин да се започне процесот на слабеење, се согласуваат експертите, бидејќи на овој начин здравјето не е загрозено од глад, премал калориски внес или недостаток на хранливи материи.
Меѓу намирниците кои мора да бидат застапени во исхраната за слабеење секако се зеленчукот кој е природно нискокалоричен и има висок процент на вода, растителни влакна, витамини, минерали, важни соединенија.
Но, кој зеленчук да се избере?
Познато е дека компирите, на пример, се храна со која не треба да се претерува поради големата количина на скроб и високиот гликемиски индекс, но има многу намирници со кои можете да се опуштите и да уживате во обилен и вкусен ручек кој го обезбедува најдоброто за телото.
Карфиол
Во последно време често слушаме дека карфиолот се користи како замена за многу намирници, па затоа се ренда да се служи наместо ориз во рижото или се пасира за да биде замена за пире од компири и тоа не е случајно. Една шолја сечкан карфиол има само 27 калории, 2 грама влакна и 2 грама протеини.
Тиквички
Во шолја сечкани тиквички ќе најдете само 19 калории и 3,5 g вкупни јаглехидрати, а благодарение на неутралниот вкус, овој зеленчук лесно се прилагодува на другите состојки и може да се користи во бројни јадења и на различни начини.
Аспарагус
Доколку целта ви е слабеење, задолжително внесете го овој зеленчук во вашата исхрана, кој е вистинска ризница на растителни влакна. Една чаша варен аспарагус содржи 3,6 g влакна и само 40 калории.
Прокељ
Прокељот е нискокалоричен, така што во една шолја варен прокељ има само 56 калории и 4 g влакна, а студија објавена во 2016 година во списанието PLoS Medicine покажала дека една порција од овој зеленчук може да се поврзе со губење од околу 0. 3 kg во период од четири години.
Зелка
Во една шолја зелка ќе најдете 22 калории и 5 гр јаглени хидрати, па лекарите им ја препорачуваат на дијабетичарите, но и на сите што се обидуваат да ги согорат масните наслаги.