Ни оцет, ни сода: Најпознатата домаќинка на светот покажа одличен совет за одзатнување на одводот

popara3 мај, 20241min00
1714742611-pexels-kaboompics-6256-1024x683

Затнат одвод може да биде многу досаден, а чистењето и отпушувањето може да биде голема задача.

Г-ѓа Хинч, која денес важи за најпозната домаќинка, даде идеја како лесно и брзо да ја завршите работата со една алатка од дома.

Различни работи може да доведат до затнат одвод, во зависност од тоа за кој одвод се работи. Остатоците од храна и нечистотија, влакната, ситните предмети и други работи често им задаваат проблеми на многу домаќинства.

Собраната нечистотија го спречува испуштањето на водата, што доведува до зголемување на нејзиното ниво, испуштање на нечистотии, а во некои случаи и помали домашни поплави, што може да биде придружено со непријатен мирис. Г-ѓа Хинч тврди дека кремата за депилација е фантастична за одзатнување на одводот.

Според неа, треба да ја истурите кремата во одводот и да ја оставите да делува некое време, а потоа само да ја оставите водата да тече. Кремот за депилација нема да ги оштети цевките и ќе ја отстрани блокадата.

Во коментарите се огласија луѓето кои го испробаа овој трик, тврдејќи дека навистина функционира и дека проблемот го решиле токму на овој начин, без да користат вакум гума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag